Театарот при Домот на културата “Иван Мазов Климе“ започна со подготовка на нова претстава, овојпат “Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски и во режија на Александар Малинков.
Во кавадаречкото видување на овој текст играат: Милица Гочевска, Диме Коцевски, Александар Малинков, Видан Станоев, Коле Колев, Костадин Прокопов и Валентина Ѓорѓиева. Изборот на музика е на Марјан Тодоровски.
Се очекува премиерата на “Последниот Балкански вампир“ да биде кон крајот на мај/почетокот на јуни оваа година, по што ќе се најде на редовниот репертоар на кавадаречкиот Дом на култура. Реализацијата на претставата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија.