Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска во салата на Советот на Град Скопје, им ги додели дипломите и решенијата за парични награди на победниците на вториот натпревар по математика меѓу средните училишта на Град Скопје, којшто на 11.05.2013 година се одржа во просториите на СУГС „Георги Димитров“.
– Ме радува фактот што ова натпреварување стана традиционално и доби меѓународен карактер. Ова е одлична форма, начин и можност учениците и наставниците да се мотивираат повеќе да ја изучуваат математиката и да учествуваат на натпревари. Сакам да ги замолам наставниците по математика да вложат поголем напор и труд за нивните ученици да го засакаат овој предмет. Математиката е предмет кој ќе ви помогне пологично и полесно во иднина да ги решавате проблемите со кои секојдневно ќе се соочувате.Ние како одговорни за квалитетот на вашето образование планираме во иднина вакви натпревари да организираме и по другите наставни предмети, а се надеваме дека овој натпревар по математика ќе прерасне и во балкански – истака градоначалникот Трајановски.
На натпреварот по математика, чија цел е да се поттикне конструктивен натпревар меѓу учениците за постигнување повисоки образовни цели, како и продлабочување на знаењата на учениците, учествуваа 141 ученик од I, II и од III година, од сите 21 средно училиште кои се во надлежност на Град Скопје, а годинава натпреварот доби и меѓународен карактер со присуство на гости од Република Србија и Република Бугарија.
Учениците се натпреваруваа во две групи, ученици од гимназиско и ученици од стручно образование. Најдобрите тројца натпреварувачи од I, II и од III година, од стручно и од гимназиско образование, беа наградени со Дипломи и симболични парични награди, додека на сите преостанати ученици и на нивните ментори им беа врачени признанија за учество во натпреварот.
Во натпреварот меѓу учениците од прва година – гимназиско образование првото место го освои Ѓорѓина Цениќ од СУГС „Орце Николов“, второто Анастасија Демерџиева од СУГС „Георги Димитров“, а третото место Мартина Величковска, СУГС од „Орце Николов“. Меѓу натпреварувачите од втора година – гимназиско образование најдобр беше Бојан Лозановски од СУГС „Јосип Броз Тито“, втора
Ива Михајловска од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, а трета Ана Марија Ѓурчинова од СУГС „Георги Димитров“. Од учесниците од трета година – гимназиско образование, прво место освои Филип Жаков од СУГС „Георги Димитров“, второ Никола Кировски од СУГС „Георги Димитров“, а трето место Ферид Мемед од СУГС „Орце Николов“.
Во натпреварот меѓу учениците од прва година – стручно образование првото место го освои Здравко Тодоров од СУГС „Владо Тасевски“, второто Виктор Митевски од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, а третото место Гоце Софески од СУГС „Владо Тасевски“. Од учениците од втора година – стручно образование прва беше Еми Веселкоска од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, втор Бруно Серафимовски од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, а трето пласирана Марија Стоилевска од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, а од учесниците од трета година – стручно образование, најдобар беше Антонио Мукоски од СУГС „Владо Тасевски“, второто место го освои Игор Зафировски од СУГС „Лазар Танев“, а третото Викторија Бежовска од СУГС „Марија Кири Склодовска“.
Годинава заедно со нашите ученици се натпреваруваа и учениците гости од Р.Србија и од Р. Бугарија, коишто освоија награди и места што ги делеа со домаќините во следните категории:
1. Душан Димиќ, втора година, од гимназијата „Светозар Марковиќ“ , Ниш , Р. Србија, освои прво место;
2. Иван Герганов, втора година, стручно образование од СОУ „П.Р. Свавејков“ ,
Крџели, Р. Бугарија – освои прво место;
3. Ангела Живановиќ, трета година, од гимназијата „ Светозар Марковиќ“ , Ниш,
Р. Србија, освои прво место;
4. Иван Стошиќ, трета година, од гимназијата „Светозар Марковиќ“- Ниш , Р.
Србија, освои трето место.
Натпреварувачите за освоено прво место добија диплома и парична награда во износ од 4 000 денари, за второ од 3 000 денари, а за трето место од 2 000 денари.
И годинава координатот на натпреварот беше тимот на наставници од СУГС „Георги Димитров“ на чело со директорот Саша Стојменов, а во негова реализација се вклучија наставниците по математика од сите 21 средно училиште во надлежност на Градот Скопје.