Џијан Емин со брилијантен настап во Белгија

Изминатиов викенд се случи спектакл во црквата Света Ана во Гент, Белгија. Култниот детроитски диџеј Дерик Меј настапи со Фламанскиот симфониски оркестар, со кој пак,  диригираше нашиот музичар  Џијан Емин, кој ја има напишано и оркестрацијата за техно музиката на Меј.

dzijan emin belgija 4Фузија од електро ритам и класични инструменти одекнаа во акустичниот простор на црквата.

dzijan emin belgija 2

Пред неколку илјади луѓе, одекнуваше амбиентален ритам, кој публиката ја остави без зборови. Френетичните аплаузи до нашиот музички гениј Џијан, до Меј и музичарите од симфонискиот оркестар беа потврда дека целиот труд се исплатеше.

Mакедонската екипа која беше таму на покана од фестивалот „ОдеГранд“ во чии рамки се случи концртот беше во состав: продуцентот од „Излет мјузик“ Огнен Узуновски, тон мајсторот Бојан Угриновски, Маријана Николовска на челеста и Кристијан Каровски на пијано. Ова е втор заеднички настап на Џијан и Меј по фантастичниот настап во Античкиот театар на 2 август во Охрид, заедно со Македонската филхармонија, концерт кој ќе остане засекогаш запаметен меѓу присутните.

Во прилог следуваат фотографии кои говорат сами за себе.
dzijan emin belgija 3

dzijan emin belgija 1

dzijan emin belgija 5

 

You May Also Like