Промовирани реновираните дуќани за занаети во чаршијата

Денес беа промовирани реновираните дуќани за стари занаети во Старата скопската чаршија …

09 dukjani stara carsija

Во Старата скопска чаршија денеска министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, ги предадоа во употреба реновираните четири дуќани на улица „Пушкарска“, кај Музеј на Македонија, наменети за производи од старите традиционални занаети во изумирање.

Дуќаните се реновирани, ставен е нов под, сменети се комплетно електриката и водоводната инсталација, сменета е и столаријата, а по распишаниот конкурс, градот Скопје сите дуќани со меморандум за соработка им ги предаде на 5-годишно користење на Македонската aртисанска трговска асоцијација, а МАТА да ги опреми, менаџира, сервисира и да ги плаќа сметките за електрична енергија, вода и други режимски трошоци и ќе нема обврска да плаќа кирија на град Скопје. Станува збор за четири дуќани и една заедничка просторија којашто дуќанџиите ќе ја користат како продажен салон. За нас, како Град Скопје, овој проект е од особено значење зашто на овој начин не само што ќе се зачуваат вештините на старите занаетчии туку ќе се збогати и туристичката понуда во нашиот град. Дуќаните ги добивме со помош на Владата на Република Македонија, Министерството за култура и општината Чаир, а целта е единствена, да се зачуваат старите занаети коишто се веќе во изумирање – истакна градоначалникот Трајановски.

04 dukjani stara carsija05 dukjani stara carsija

Министерката Канческа–Милевска му се заблагодари на градоначалникот Трајановски за реконструкцијата на дуќаните и ставањето во употреба и рече дека овој проект е еден од многуте што значат ревитализација на Старата скопска чаршија, со што ќе се овозможи и одржување во живот и на сето она што значи традиција, обичај, автентичност и оригиналност препознатлива само за Скопје и за Република Македонија.

Во дуќаните во Старата скопска чаршија ќе се пласираат производи од занаетите во изумирање, традиционалните занаети. Едниот дуќан е сувенирница, вториот ткајачница, третиот грнчарница, а четвртиот јувелирница или дуќан за изработка на филигран (сребро или злато).

03 dukjani stara carsija

dukjani carsija 7

Во дуќаните ќе се организираат и обуки и работилници за сите заинтересирани граѓани што сакаат аматерски или професионално да се занимаваат со овие занаети, а ќе бидат организирани и разновидни наменски настани, како, на пример, базари, за оние што ќе сакаат да купат интересни оригинални рачно изработени предмети.

За комплетно средување на четирите простории од Буџетот на Град Скопје за 2013 година одвоени се 3.580.000 милиони денари.

06 dukjani stara carsija dukjani carsija 9 dukjani carsija 8 dukjani carsija 5

You May Also Like