Џебни изданија на романите на Славо Ковилоски

Издавачката куќа „Феникс“ на Саемот на книгата ќе ги претстави своите 3 џебни изданија на романи од Славчо Ковилоски.

koviloski.

Станува збор за романите „Опаен сум“, „Сонување“ и „Синот на Кралот“, кои „Феникс“ го подготви како посебна едиција и кои на годин

ашниов Саем ќе бидат презентирани како комплет и понудени со саемски попуст. За романите на Ковилоски оценка дале Александар Прокопиев, Христо Петрески, Зоран Анчевски, Митко Маџунков, Кристина Николовска, Ѕвездан Георгиевски, Елена Пренџова, ранко Младеноски, Владимир Цветкоски и др. Сите тие високо ги вреднуваат книжевните остварувања на Ковилоски, со нагласка дека станува збор за „извонреден автор“ и „изненадувачки свежа енергија“ која се крие во пишаниот збор на Ковилоски.

Особено позитивните оцени за првенецот на Ковилоски, „Опасен сум“, придонесоа романот да биде преведен и објавен во Босна и Херцеговина, а во тек се преговори за негово објавување во Србија и Хрватска и на англиско говорно подрачје. Како што ќе забележи Митко Маџунков: „романот ‘Опасен сум’ е пишуван лесно, понекогаш премногу лесно, но е компониран добро, со прецизна внатрешна структура и поетика, во која иронијата и персифлажата значенски го менуваат ‘видливиот хоризонт’“.

За „Сонување“, Прокопиев пишува дека станува збор за „дело со кое македонската ризница на фантастични мотиви се осовременува низ оригинален авторски ракопис на еден игрив и смел раскажувач“, додека пак, Христо Петрески „Синот на Кралот“ во кој стожерна личност е Кралот Марко, истакнува дека станува збор за роман во кој симбиозата на фактичкото и фиктивното „е остварена со успешно водење и справување на Ковилоски со големиот број ликови во романот“. Инаку, Славчо Ковилоски работи во Институтот за македонска литература и за збирката „Лоша тетка и други раскази“ ја доби наградата „Прозни мајстори“ за 2013 година.

You May Also Like