По повод најромантичниот празник во годината – Св. Валентин, Издавачкиот центар ТРИ подготви пакет од два наслова „Да можеш да ме видиш сега“ од Сесилија Ахерн и „Посакувам да си тука“ од Франсеск Мираљес.
Со пакетите како подарок e и книгата „Водич за вљубените“.
Исполнет со прекрасни совети, факти и анегдоти за љубовта, овој водич ве носи во светот на романтиката преку големите љубовни приказни од сегашноста и минатото, од литературата и од филмот, ви ги нуди најдобрите љубовни рецепти, ве носи на светските топ-дестинации за вљубените и ви нуди уште многу интересни начини да ја изразите љубовта, или пак да го натерате вашиот партнер да го стори тоа. Се’ што е потребно да знаете за да бидете совршен љубовник, се наоѓа токму во оваа книга!