Јовица Тасевски – Етернијан меѓународно ја промовира македонската поезија

Mакедонскиот поет Јовица Тасевски – Етернијан, е објавен во рубриката „Истакнати поети и осврти“ на британското електронско списание „Поетски простор“.

Нашиот автор е претставен на читателите со обемна био-библиографија и  две избрани песни. Списанието го објавува истоимената издавачка куќа од Бристол (Велс), која по завршувањето на годината издава печатена антологија „Најдоброто од поетски простор“.

Во најновиот број на американското универзитетско списание за книжевност „Фолиејт оук“, објавена e песната „Нарциси“ од Етернијан. Списанието го издава Универзитетот од Арканзас, и е вклучено во наставата по креативно пишување. Прилог е објавен и во електронската енциклопедија „Бест поемс“. Енциклопедијата има образовни цели и сите содржини се на отворен достап, а во неа се објавени антологиски песни и биографии на најзначајните класични и современи светски поети.

Поезија на Етернијан ќе биде објавена во новиот број на романското реномирано списание „Кармина Балканика“. Редакцијата на списанието „Кармина Балканика“ е составена од универзитетски професори од Романија, а во интернационалниот одбор се вклучени професори од универзитетите Харвард, Њујорк, Џорџтаун и Браун од САД, како и неколку балкански држави. Претставник од Македонија е академик Катица Ќулавкова.

Инаку, Јовица Тасевски – Етернијан е автор на шест поетски и две критичко-есеистички книги, а бил преведуван на повеќе јазици.

 

You May Also Like