Следејќи ги трите сестри, Лаура на родителите им соопштува дека ќе се омажи за интересен човек. Дали , после три свадби со гости од различни вери, родителите на невестата ќе се најдат во средина на расна, национална и верска расправија?
Француската хит комедија “Што сме му згрешиле на бога” домашната публика ќе има прилика да ја погледне од 09. октомври во кината ширум земјата.
Клод и Мари со години го градат угледот на нивното семејство. Имаат четири преубави ќерки. Три наследнички имале мултикултурни венчавки кои родителите не ги прифатиле баш убаво. Кога најмладата ќерка, Лаура, ќе одлучи да се омажи за Чарлс, тоа потполно ќе им ги пресече нозете. Конечно дочекале една традиционална венчавка! Меѓутоа, оној момент кога најдрагата ќе им соопшти дека нејзиниот иден сопруг е од Африка, работите ќе се искомплицираат неверојатно. Во целокупната бркотница ќе усшествуваат и зетовите. Во францускиот филм “Што сме му згрешиле на бога” кој се потсмева на предрасудите, до сега го имаат погледнато преку десет милиони гледачи. Францускиот режисер Филип де Шоверон во филмот “Што сме му згрешиле на бога” ги има собрано најголемите ѕвезди Кристијана Клавијеа, Шантал Лоби и Арија Абитана.