„Чувари на галаксијата“ и „Цезар Чавез“ од денеска во Синеплекс

Во Синеплекс од денеска (четврток, 31 јули) пристигнуваат 2 нови наслова „Чувари на галаксијата“ и биографската приказна за Цезар Чавез.

Guardian-of-the-galaxy

На еден ден пред САД, македонските фанови на Марвел ќе имаат можност да се запознаат со новите јунаци. „Чувари на галаксијата“ не носи во фантастичниот универзум во кој живеат овие ликови. Преку новите јунаци можеме да ја истражиме другата страна на Марвеловиот универзум кој постои паралелно со Avengers.

На филмските визуелни ефекти работеше и македонското студио ФХ3Х, со вкупно 31 артист.

Во четврток ни пристига и новото остварување на режисерот Диего Луна, кој ни ја носи биографската филмска приказна за борецот за човекови права Цезар Чавез. Главните улоги ги толкуваат Мајкл Пен, Росарио Досон и Џон Малкович.

You May Also Like