Хуманитарна акција „Избери љубов“

По повод новогодишните празници, организацијата Уметност на живеење – Македонија во соработка со книжарницата „Матица македонска“ организира хуманитарна акција во која деца ќе креираат и ќе подаруваат пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства. Во соопштението стои:

Во просториите на мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ на 15 декември во 12 часот ќе биде организирана креативна работилница каде децата ќе се забавуваат, цртаат и изработуваат честитки и оригами. Ракотворбите создадени од децата ќе бидат дел од новогодишните пакетчиња кои Уметност на живеење традиционално им ги подарува на децата од социјално загрозените семејства.

Својата хуманост ќе можат да ја покажат и посетителите на акцијата така што ќе понесат и ќе донираат по некоја играчка или слатки подароци за децата од социјално згрозените семејства. По специјален попуст, што ќе трае до 22 декември, во „Матица ексклузив“ ќе бидат достапни и повеќе детски книги, што посетителите ќе можат да ги донираат за детските новогодишни пакетчиња.

Акцијата ја организираме за да ги поттикнеме хуманоста и позитивните човекови вредности кај децата, како и чувството за споделување, помагање, припадност, дружење и ширење на пријателството. Специјални гости на настанот ќе бидат хуманистките Ребека, актерката Драгана Костадиновска, писатели и многу јавни личности кои ќе го поддржат настанот.

Ве повикуваме сите заедно да им ги разубавиме новогодишните празници на овие дечиња, отворете ги своите срца и подадете рака кон оние кои најмногу им е потребна. Нова Година е за сите деца, па заедно да им овозможиме магијата на празникот да ја почувствуваат и оние чии родители не можат да им подарат новогодишни пакетчиња. Да ги поттикнеме децата да подаруваат со љубов кон другите деца.

You May Also Like