Конкурс за нејкреативен есеј

Невладината организација Креактив и People to People International creACTive Student Chapter распишуваат конкурс за најкреативни есеи. Можност за аплицирање имаат сите млади од 13 до 18 години што сакаат својата креативност да ја искажат преку пишаниот збор. Заинтересираните кандидати треба да аплцираат на конкурсот што е на тема : „Херојот на мојата генерација“.

Есејот треба да биде долг од 500 до 1000 зборови. Во есејот треба да е изјаснето лично и критичко мислење на авторот. Не е дозволено есејот претходно да е објавуван на други места односно треба да е наменет само за потребите на овој конкурс. Во состав на документот треба да е наведено име и презиме на учесникот, дата на раѓање, училиште , email адреса и телефонски број.

Рокот за испраќање на есеите е 20 април. Есеите треба да бидат испратени на  адреса : ptpiskopje@kreaktiv.mk
Трите најдобри есеи ќе бидат презентирани на посебен настан што ќе го организира People to People International creACTive Student Chapter. Станува збор за Ден на Кариера што ќе биде одржан во сколоп на Global Youth Service Day и што ќе се случува на 27 Април во ЕУ Инфо Центарот во Скопје.

Тројцата најдобри наградени ќе добијат сертификати од невладината организација Креактив и сетови од книги. Сите што ќе аплицираат на конкурсот стануваат наши потенцијални членови, а прво наградениот ќе добие и покриена годишна чланарина за членство во People to People International. Сите есеи вклучувајќи ги и победничките ќе бидат објавени на нашата официјална страна www.ptpiskopje.weebly.com

Есеите ќе бидат оценувани од тричлена комисија составена од следните членови :
*Марина Лотеска- професор по македонски јазик и литература во СУГС „Георги Димитров“
* Соња Панева- професор по македонски јазик и литература во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“
*Ангел Димитриевски- претставник од невладината организација Креактив

You May Also Like