Утре се одржува петтиот „Појадок на мост“

Утре (недела, 14 септември) од 9 до 11 часот, на Камениот мост и на мостот Око, по петти пат ќе се одржи традиционалната Манифестација „Појадок на мост 2014“.

pojadok_na_most_2013_4

 

Манифестацијата е под покровителство на Град Скопје, во организација на Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Средното угостителско училиште на Град Скопје „Лазар Танев“.

На „Појадок на мост 2014“ ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој ќе даде изјава за медиумите во 9:30 часот.

You May Also Like