Објавена е „Мисла и смисла“ од Нове Цветановски

Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје, неодамна ја објави теориско-есеистичката книга „Мисла и смисла“ на Нове Цветаноски.

 

Книгата содржи над педесет теориски, критички и есеистички текстови, и претставува избор од близу тридецениската литературнокритичарска актива на авторот.

„Мисла и смисла“ е составена од два дела. Првиот дел, насловен „Читање и толкување“ содржи еден обемен теориски текст – „Толкувањето на поезијата“, кој всушност е студија за толкувањето на литературното дело, првенствено на песната, и во него се перципирани сите порелевантни теориски искуства од познати автори и школи во светот, а кои пред сè се однесуваат на разгледувањето, односно на анализирањето на литературниот текст како посебно дело (целина), или поточно: ги елаборира херменевтичките теориски постулати и херменевтичките искуства во светот, притоа посочувајќи и на таквите пристапи во есеистичко-теориската практика во македонската литература.

Во вториот дел, насловен „Избор и збор“ се опфатени критичко-есеистички согледби на дела од современата македонска литература, односно за поезијата, прозата, литературата за деца и млади и за книжевната историја.

Рецензентот на книгата Науме Радически, меѓу другото, пишува:
„Видена како целина, книгата „Мисла и смисла“ на Нове Цветаноски претставува камерен, што значи хармо¬ничен и целисходно подготвен избор од неговата веќе неколкуде-цениска литературнотеориска и литера¬турно¬критичка актива. Не случајно, затоа, книгата е и структурирана со оглед на тие два сегмента од неговиот, инаку, уште поширок досегашен ангажман како на планот на литературата, така и пошироко. Непрескок¬ли¬во е при овој примарен аналитички прочит најпрво претставувањето на Цветаноски како теоретичар.

———————–
Нове Цветаноски е публицист, преведувач, литературен критичар, есеист и издавач. Превел и препеал десетина книги и повеќе литературни текстови од бугарски, хрватски, српски и русински.
Автор е и на книгата „Разнесено наследство“, на публицистички и монографски дела, а е приредувач на зборникот со интерпретативни текстови „Толкувања“.

You May Also Like