Доделени наградите на литературните творци од Здружението на просветните работници

Oдговорно и просветно да се врши учтелската професија, а истовремено да се создаваат литературни дела, поезија и проза, е срцевината на Здружението…

Во саботата, на 18 октомври 2014, во просториите на Педагошкиот факултет „Климент Охридски“- Скопје се одржа 22-та годишна средба на просветни работници- литературни творци на Репубика Македонија, на која беа доделени и награди за литературни творби.

Првата награда за необјавена песна ја доби Виолета Наумовска, втората награда ја поделија Ристана Николовска и Евантија Таниќ, а трета ја доби Трајанка Тања Стоилковска.
Првата награда за необјавен расказ и припадна на Ленче Китанова, втората на Евантија Таниќ, а третата на новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго.

Беа доделени и награди за објавена книга проза, со прва награда е наградена книгата „Молика Пелистерска“ на Бистрица Миркуловска, со
втора „ И…ја су Лазоровец“ на Марко Марковски, а со трета „Балванот“ на Натка Цебова.
Прва награда за објавена книга поезија пак доби Милица Димитријоска- Радевска за „Воздишки на ветерот“, втора награда доби Лидија Лучко Јеремиќ за „Низ танцот на љубовта“, а трета награда Елизабета К. Питулкова за „Доцна во ноќта“.

Наградата за животно дело отиде во рацете на Нада Зафировска Матиќ.
Жири комисијата беше во состав Иванка Стојкова, Љубица Неделковска, Мирјана Тренчева, Нада Зафировска- Матиќ и  Славка Арсова.

  • Одговорно и просветно да се врши учтелската професија, а истовремено да се создаваат литературни дела, поезија и проза, е срцевината на Здружението. Неговата опстојба е без ничија материјална помош, но само со личниот и несебичен ентузијазам да се опстојува, да се битисува, напојувајќи се единствено со љубовта кон родната земја, родниот јазик, културата, литературата, традицијата на својот народ, истакна Претседателката Иванка  Стојкова.

Таа додаде дека во подготовка е првиот алманах на членовите на Здружението. Инаку, ова Здружение соработува со Црвениот крст на Македонија.

You May Also Like