Утре (петок, 26 септември) во 19:30 во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово премиерно ќе биде прикажан етнолошкиот филм „Албатинот раскажува“.
Според годишната програма на Министерството за култура,проектот “Албатски занает” доби средства за негова реализација. Под албатски занает се подразбира потковување на копитата на крупниот добиток и истиот е веќе во изумирање.Откако беше завршено истражувањето во месеците мај-јуни 2014 година,во селата во Шопско-Полјанската етничка област беше снимен документарен етнолошки филм со наслов „Албатинот раскажува“.
Филмот ја прикажува традиционалната народна култура односно животот што тече во времето и просторот.Преку него ја откриваме длабочината на слоевите,го прикажуваме поднебјето, материјалната култура,социјалниот живот и народното творештво. Етнолошкиот филм е предмет на научно и антрополошко достигнување.Сценариото и режијата се накустос – етнолог Валентина Илиевска од Музејот од Куманово.