8870 отпадни батерии, 208 мобилни телефони, 12 батерии од лап топ, 4 батерии од фото апарат и 30 мали акумулатори од алармни уреди се собраа за време на настанот наречен “Празнење батерии”.
Повеќе од 2.500 млади го посетија музичко-едукативниот настан организиран од Гоу Грин во Клубот Хаванана на 24 октомври. Посетителите кои дојдоа безбатерии или мобилни телефони донираа средства во Црвениот Крст за акцијата за изградба на живеалишта за две фамилии кои немаат соодветни услови за живеење.
Целта на настанот беше да се развие јавната свест за селектирање и рециклирање на отпадни батерии и отпадни мобилни телефони.
На настанот настапуваа Нокаут, “Eye Cue”, ФанкШуи, Марлон Брандо, ДЈ Чваре и ДЈ К-105.Водител на настанот беше Марко Новески кој ја прикажа позадината на проектот Гоу Клин 2014 кој се одвива од 2011 година.
Проектот Гоу Клин 2014 е поддржан од Македонски Телеком, Т – Мобиле Македонија и Норвешката Амбасада во Белград.
