Почна новата учебна 2014/2015 година

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска (1 септември 2014 година, понеделник) го посети СУГС „Васил Антевски Дрен“ на првиот училиштен ден од учебната 2014/2015 година.

pocetok_na_nova_2014-2015_godina_1

 

Градоначалникот Трајановски ги посети учениците запишани во првата година во СУГС „Васил Антевски Дрен“ и им пожели добредојде, многу среќа и успех во нивното образование.

За време на посетата на СУГС „Васил Антевски Дрен“ градоначалникот направи и увид во градежните зафати и реконструкции кои беа направени во ова средно училиште во текот на летово.

– Денеска почнува новата учебна година, а за некои од учениците е и прв ден во средношколските клупи, односно тие почнуваат и ново поглавје во нивното образование и живот. Годинава во прва година во средните училишта на Град Скопје се запишани околу 6 000 ученици, а во СУГС “Васил Антевски-Дрен” околу 500 ученици. Годинава Градот Скопје продолжи со реконструкција на училишните објекти на средните училишта што се под негова надлежност. Во текот на ова лето градежни работи се изведуваа на 15 училишни објекти, за кои од Буџетот на Градот се издвоени околу 33,5 милиони денари. Изминативе неколку години Градот Скопје за реконструкција на средните училишта има издвоено 132 милони денари. Летово во СУГС „Васил Антевски Дрен” извршена е целосна замена на вратите во училиштето, како и замена на дел од прозорците-истакна Трајановски.

Директорот на СУГС „Васил Антевски-Дрен“, Александар Канурков, кажа дека училиштето е целосно подготвено за почетокот на новата учебна година. Тој нагласи дека, согласно со препораките од Министерството за образование и наука, Министерството за здравство, како и Санитарниот инспекторат, поради појавата на жолтица, извршена е вонредна дезинфекција во училиштето.

pocetok_na_nova_2014-2015_godina_2

You May Also Like