Во Кинотеката на Македонија денеска (четврток, 19 јули) во 12:00 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Музејот: Сеќавања на македонската борба“ во режија на Маја Младеновска и продукција на ХХХ3Д-Скопје.
Филмот го следи создавањето на Музејот на македонската борба за државност и независност, Музејот на ВМРО и Музејот на жртвите на комунистичкиот режим, од идеја до реализација, до неговото отворање.
„Музејот: сеќавања на македонската борба“ финансиски е поддржан од Филмскиот фонд на Република Македонија и Министерството за култура.