Трпчевски настапи во лондонски „Вигмор Хол“

Македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчевски настапи во престижната сала „Вигмор“ во Лондон, а снимката од неговиот концерт ќе се најде на компакт диск за престижната етикета на „Вигмор Хол“ …

simon trpceski (copy)

Симон Трпчевски, кој досега десетина пати има настапувано на оваа сцена, се претстави со дела од Брамс, Равел и Пуленк, а воодушевената публика ја награди и со две изведби на бис.

Џесика Дахен, рецензент на најдобрата британска интернет страница за специјализирано новинарство „Артс Деск“ истакнува дека „Трпчески е првокласен виртуоз“, подвлекувајќи во насловот дека станува збор за „македонскиот магионичар чии мирни води длабоко понираат“.

Оваа сезона, Трпчески ќе ја заврши следната сабота во Сонома, Калифорнија каде што со Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, ќе го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар на Чајковски.

You May Also Like