На сцената на Македонскиот народен театар на 5 септември ќе биде премиерно одиграна претставата „ЕЛЕКТРА“ во режија на Андриj Жолдак , едно од најголемите европски режисерски имиња на денешницата.
Андриј Жолдак е добитник на наградата уметник на УНЕСКО во 2004 а во 2014 година се закити со наградата „Златна маска“ за режија која претставува највисоко признание од областа на театарот во Русија.