Тони Китановски ја сними музиката за филмот „Медена ноќ“

Снимена музиката за филмот „Медена ноќ“ за новиот филм на режисерот Иво Трајков во Љубљана …

toni_kitanovski

Гитаристот и композитор Тони Китановски во Љубљана работеше на снимањето на музиката за новиот филм на режисерот Иво Трајков насловен „Медена ноќ“, соопшти „Кавал филм“.

– Снимањето се одвиваше во студиото 14 на Словенечкото национално радио со нивниот реномиран „Биг бенд оркестар“, под диригентската палка на Китановски, којшто е и автор на музиката за филмот. За време на снимањето Китановски соработуваше со главниот музички продуцент на словенечкото радио Грегор Форјаниќ, информира продукцијата.

Продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски и неговата продуцентска куќа „Кавал филм“ од Скопје, во копродукција со „и/о пост и Барандов“ од Прага и „Аталанта“ од Словенија.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и Чешкиот филмски фонд и учествуваат Македонската радио телевизија и Радио-телевизија Словенија.

You May Also Like