Отворање на реновираниот Детски креативен центар при МКЦ

Отворање на реновираниот Детски креативен центар при Младинскиот културен центар во Скопје …

detski kreativen centar 3 Денес (среда, 10-ти септември), на пладне, УСАИД Македонија и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија официјално ќе го отворат реновираниот и модернизиран Детски креативен центар при Младинскиот културен центар – Скопје. Центарот е реновиран со финансиска поддршка од УСАИД, во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.

На церемонијата свое излагање ќе имаат директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, г-ин Џејмс Стајн, како и директорите на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ и на Младинскиот културен центар – Скопје.
Библиотека за најмладите ученици, математичко катче, ликовно и театарско катче, мултимедијални дидактички помагала се само дел од содржините кои ќе ги нуди центарот. Тие ќе се достапни на учениците, кои заедно со своите наставници и родители ќе можат низ игра да научат многу нови работи и да се забавуваат.

Проектот „Со читање до лидерство“ има за цел да ги зајакне јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија од основното образование, како и начините на кои истите се мерат од страна на наставниците. Проектот соработува со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и други образовни институции и ќе има за цел да ја подобри проценката на јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини на наставниците, особено вештините за формативно оценување и проценка на нивото на јазична и математичка писменост кај учениците, и подигање на свеста кај целата заедница за важноста од јазична и математичка писменост во интелектуалниот развој на децата.

detski kreativen centar 1

You May Also Like