Театар Комедија учествуваше на престижниот театарски фестивал “Црно Море“ – Трабзон, Република Турција со претставата “За секого има по една“ од Венко Андоновски.
Фестивалот е во организација на “Државен театар – Трабзон“ и претставува еден од најпрестижните интернационални фестивали за театар во Турција, кој постои 14 години. Годинава се одржува од 2 до 15 мај.
Театар Комедија е првиот македонски театар кој учествува на овој фестивал со претставата “За секого има по една “ во режија на Владлен Александров,по текст на предводникот на македонската модерна драматургија, Венко Андоновски. Имаше две изведби на претставата пред полна сала во Државниот театар на Трабзон, на 9 и 10 мај. Публиката одлично ја прифати претставата.
Во претставата игра целиот ансамбл на Театар Комедија : Зорица Стојановска, Роберт Вељановски (к.г.), Атанас Атанасовски, Филип Трајковиќ, Ердоан Максут, Роберт Ристов, Нина Деан, Едмонд Сотир, Крсте Јовановски, Валентин Костадиновски, Жарко Димоски, Илија Илиоски и Катерина Шехтанска-Лаковска(к.г.). Ова гостување е подржано и финансирано од Министерството за култура на Република Македонија.