Со свечено отварање на фестивалот и Master class (мајсторскиот клас) по византиско-црковно пеење на Игор Зироевич од Институтот „Симон Карас”, Атина, Грција, вчера (понедленик, 13 мај) започна културно-историската манифестација „Денови на Јустинијан Први“.
Денеска (вторник, 14. мај 2013) во МКЦ е предвидена следнава програма:
14:00 Промоција на севкупниот творечки опус во областа на византиското црковно пеење на нашиот еминентен византолог проф. д-р Јане Коџабашија по повод јубилејот 71 година од неговото раѓање. Говори: м-р Мирјана Павловска – Шулајкова (СОКОМ)
15:00 Предавање: „Енергиите на карактерите за израз, по методот на Симон Карас.”
16:00 Пејачка работилница: Практична примена на методот на Симон Карас
20:00 Претставување на ЦД-та „Христос во градот Витлеем” на Српскиот византиски хор, Пеење на божиќниот богослужбен круг. Говорат: д-р Ристо Солунчев, м-р Димитри Кумбароски и Игор Зироевич.