В четврток (2 октомври) во Битолскиот народен театар, со изведба на комичната опера во 2 чина „Така прават сите“ ќе започне 23-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Комичната опера „Така прават сите“ на Моцарт e во режија на Цветан Стојанов, a во Македонија се поставува по цели 42 години.
Инаку во 11-те фестивалски вечери на „Интерфест“ ќе настапат солисти, дуа, оркестри и другите изведувачи од земјава, Италија, Унгарија, Германија, Америка, Бразил, Данска, Русија и Србија. Министерството за култура е покровител. Пропратни активности на Интерфест се мајсторски школи како и повеќе видови на изложби.