Вечер во чест на легендата Луис Џордан

Утре (30 април, вторник) во клубот Маракана, со почеток во 23:30 часот, популарниот скопски џез квинтет Летечки Пекинезери, In The Mood блуз дуото и Оливер Јосифовски ќе ги здружат силите во чест на пионерот на рокенрол и ритам&блуз музиката – легендарниот Луис Џордан.

На задоволство на сите љубители на оваа музика, половина од вечерта ќе биде посветена на музиката на Луис Џордан, а остатокот ќе биде слободно музицирање во стилот на корените на рокенрол и аренби музиката до раните утрински часови!

Музичарите ќе настапат во следниот состав:
Сашо Ѓорѓевски – вокал, усна хармоника, гитара
Иво Солдатовиќ – кларинет
Бојан Петков – гитара
Никола Петровски – гитара
Петар Христов – тенорсакс
Оливер Јосифовски – контрабас
Славчо Коцев – тапани

You May Also Like