Во Кинотеката на Македонија од вчера до 13 ноември за прв пат се одржува Неделата на израелски филм.
Ревијата во чиј фокус е израелската кинематографија продолжува денеска (10 ноември, понеделник) во 20:00 часот со филмот „Стројникот“.
СТРОЈНИКОТ
(The Matchmaker)
Игран филм, Израел
2010, 112 мин., колор, блуреј
Режија: Ави Нешер (Avi Nesher)
Сценарио: Амир Гутфрид (Amir Gutfrid)
Улоги: Адир Милер, Маја Даган (Аdar Miller, Маya Dagan)
За време на летото во 1968 година еден тинејџер оди да работи кај стројник кој го преживеал холокаустот. Нивните животи ќе се променат за вечно при нивната средба. Тажна приказна за преживеаните од холокаустот, комбинирана со приказните на оние Евреи кои се родени во Израел.