Изложба на Мирчо Матевски – Рисимкин

Изложба на Мирчо Матевски – Рисимкин, патинирана традиција во Куќата на Робевци во Охрид …

MIRCO MATEVSKI RISIMKIN 2

Со наслов “ПАТИНИРАНИ ЦИТАТИ” сабота, (02.08.2014) од 19:00 во Куќата на Робевци – Охрид ќе биде отворена изложбата на Мирчо Матевски – Рисимкин. Изложбата ќе ја отвори професор д-р Иван Џепаровски, од Институтот по филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје.

„Геометризмот на Мирчо Матевски целосно е втопен во традицијата. Правоаголниците, триаголниците и круговите Матевски ги претставува дводимензионално, како во платната „Патот на тајната книга“ (2012), „Белиот ангел“ (2012) или „Враќање“ (2010).MIRCO MATEVSKI RISIMKIN 1

Со тоа не само што се поврзуваат за светската уметничка традиција на геометризмот во сликарството, туку се надоврзуваат и на нашата македонска сликарска традиција која уште од времето на средновековниот фрескоживопис и иконопис па сè до делата на непосредниот учител на Мирчо Матевски, нашиот прочуен сликар Димитар Кондовски, има свој креативен апогеј“, оценува стручната критика.

Мирчо Матевски – Рисимкин е роден во Скопје, 1961. Завршил средно уметничко училиште “Лазар Личеновски”1980 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 1984, во класата на професорот Димитар Кондовски, а во 2012 магистрирал на ФЛУ во класата на професорот Јован Шумковски. Член е на ДЛУМ (Друштво на ликовни уметници на Македонија) од 1984 година.  Вработен во Меѓународни училишта-НОВА во Скопје. Помеѓу 1998 и 2009 живее и работи во Австралија.

MIRCO MATEVSKI RISIMKIN 3

You May Also Like