Со концерт насловен „Досие Франција“ синоќа (сабота, 1 јануари) пред гевгелиската музичка јавност се претстави триото Ана Христова-вокал, Лазе Стерјовски-хармоника и Никола Балјари-контрабас.
Овие тројца музичари прв пат биле споени пред четири години за потребите на една претстава на Битолскиот театар и од тогаш ја продолжиле соработката како трио кое исклучиво изведува француски шансони со нивни аранжмани.
Ана Христова се занимава со џез пеење десет години ,а Лазе Стерјовски и Никола Балјари се долгогодишни соработници кои настапуваат и самостојно, инаку работат како професори по своите инструменти.
Концертот се одржa во салата на Народниот театар во Гевгелија.