Десеттото јубилејно издание на Белата Ноќ е в сабота (04 октомври) во 20:00 часот, во Даут Пашиниот Амам со големата ретроспективна изложба на култниот Василие Поповиќ – Цицо.
Организатортите – МКЦ велат: „Како и во изминатите девет, официјалната нота на Белата Ноќ ќе ја даде Градоначалниот на Град Скопје, Г.Коце Трајановски.
За ликот и делото на Василие Поповиќ – Цицо, реч ќе одржи режисерот Љубиша Георгиевски. По овој историски миг, десеттата Бела Ноќ, започнува!
Десетици изложби, уметнички перформанси, музички концерти, поетски читања, филмови, мода…, ширум отворени врати на Јавните и Национални установи за граѓаните на Скопје и Македонија, конзументите на уметноста, уметниците…“