Вечер (понеделник, 16 јули) со почеток во 20:00 часот во Чифте амам ќе биде отворена изложба на Дита Старова Ќерими со наслов „Колоритни вибрации“.
„Во најновиот циклус на Старова струи свежина на претставите, ослободени од буквалната референтност, наративност, асоцијација. Колористичката магија ги регистрира треперењата во опкружувањето, во самото битие, во движењето како замена за претставите од реалноста и не’ исполнува со чувство на среќа, воодушевување или возвишување…“ ќе запише за циклусот „Колоритни вибрации“, Соња Абаџиева.
———————————————————–
Дита Старова Ќерими е родена во Скопје 1984 година. Работи на Американ колеџ во Скопје. Досега има учествувано на повеќе од 20 самостојни и групни изложби во Франција, Турција, Бугарија, Косово и Македонија. Добитник е на повеќе награди и признанија од областа на ликовната уметност.