Излезе новиот броj (80-81), на првото македонско е-списание “Блесок – литература и други уметности”, подготвен од новата редакциjа на Блесок. Новата редакција, претставена подолу, ги подготви следните содржини:
Поезија:
– Имам збор, избрани песни од Борис Домагој Билетиќ
– Небесен пансион, избрани песни од Миле Стоиќ
Проза:
– Мрежа, од збирката раскази „Волшебни врски“ на Оуен Мартел, наскоро во издание на Блесок
Есеи:
– Наташа Сарџоска за Трансцендентална конвекција на лицето во филмот Persona на Бергман и
– Дарија Жилиќ за состојбата на поетесите/поетите во општеството со есејот Драга Ана
Критика:
– Елена Конеска, Женскиот Едип или влијанието на формирањето на женската сексуалност (во сценаријата на филмовите „Црниот лебед“ на Дарен Аронофски (2010) и „Пијанистката“ на Михаел Ханеке (2001)) и
– Ана Мартиновска, “Scorpius balcanicus”, или како да се чита македонската поезија (предговор кон „Шест македонски поети“, ARC PUBLICATIONS, Велика Британија, 2011)
Галерија:
– осврт на кураторот Мелентие Пандиловски за изложбата, работилницата и симпозиумот SEAFair ’11 – енергија, биополитика, стратегии на отпорот и културна субверзија и слики од изложбата
Звук:
– Музика од два нови албуми: Кејт Буш, „50 зборови за снегот“ и новиот албум на Старовски, „Прашинка љубов“, претставен преку освртот на Елизабета Баковска „Кон првиот „албум“ на Старовски и нивното видување на македонската поезија“
Новата редакција ја сочинуваат:
Игор Исаковски, основач и главен уредник
Поезија:
Елизабета Баковска
Сања Стојковска
Проза:
Румена Бужаровска
Сања Стојковска
Есеи + Критика:
Наташа Аврамовска
Бела Глигорова
Лидија Капушевска-Дракулевска
Ана Мартиновска
Блесок галерија:
Калина Б. Исаковска
Блесок звук:
Дарија Андовска
Содржините на Блесок бр. 80-81 се бесплатно достапни.