Пионерот на холандската електронска музика, најмладиот победник на скреч натпревар ,”детроитскиот европеец” Орландо Воорн во сабота, 4 октомври ќе настапи во Капан Ан во Старата скопска чаршија.
Забавата во овој уникатен и автентичен простор е повторно во организација на куќата “Пјурсоул” зад која стои домашниот ДЈ – Томи Бојаџи под чија палка ќе биде и загревањето на атмосферата.
Ова е прв настап на легендата на хаусот и техното за кој се смета дека е човекот кој ја воспостави конекцијата меѓу Амстердам и Детроит.
Биографијата на Воорн е повеќе од импресивна. Воорн важи за најинвентивниот и најоригинален ДЈ од Холандија во светот на електронската музика.Тој почнува да се занимава со музика и диџејство уште во раните 80-ти години од минатиот век. Во далечната 1986 година, на само 16 години тој е победник на холандскиот ДМЦ ДЈ шампионат.
За неговиот квалитет сведочи и фактот што уште на почетокот на деведесетите години од минатиот век, тој е повикан во Детроит каде веднаш почнува соработка со Легендите Хуан Аткинс, Дерик Меј и Блејк Бакстер а неговите песни можат да се слушнат на секој нивен настап.
Воорн е карактеристичен по својот уникатен стил и уникатна музика. Неговите сетови изобилуваат со техно, хаус, електро, амбиент и хип-хоп. Тој самиот вели дека во забавите најбитно е да се разбере атмосферата, да се воспостави флуид со публиката и да се држи “тензија” во музиката.
Гостинот на “Пјурсоул” е познат под многу псевдоними кои ги користел во неговата
триесетгодишна кариера во музиката. Воорн стои зад “Хаммерхеад”, “Допе Дог”, “Нигхттриппер”, “Сталкер”, “Басиц Бастард”, “Цомплеџ” , “Плаѕбоѕ”, “ Баланце” и многу други.
Инаку, ова е шеста забава во продукција на организацијата “Пјурсоул”. Тие досега ги организираа забавите на кои покрај Воорн настапија и врвните диџеи Мајк Хакаби, Дејвид Алварадо, Јури Хулконен и Кунијуки Такахаши врвни мајстори во својата професија, ценети и почитувани од врвните и докажани светски диџеи со кои настапуваат низ клубоите во светот.
Затоа скопјани и сите љубители на квалитетниот електронски звук повелете на уште една незабоправна забава на “Пјурсоул” која ќе се прераскажува низ скопската андерграунд сцена.