Во текот на вчерашниот ден (сабота, 04.02.2012 година), делегација од Град Скопје, во присуство на бројни претставници на јавниот и политичкиот живот, положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас во Скопје.
Во црквата Св.Спас беше одржана Литургија на Македонската православна црква, а по повод 140 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери, настапи и Мешаниот градски хор „Вардар“ под диригентско водство на Илија Атанасов.
Еден час подоцна, Делегација од Град Скопје како и високи државни и официјални делегации положија цвеќе и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија, како и на споменикот во Градскиот парк во Скопје.