Од 4-6 aприл во Tцц Гранд Плаза ќе се одржи викенд предавање на тема: “Стратешки преговори за менаџери”. Предавањето ќе биде од страна на Стелиос Кехајас, консултант и редовен професор на магистерските студии за Бизнис администрација наменети за извршни позиции на Меѓународниот факултет — CITY Колеџ при Универзитетот Шефилд.
Главна цел на ова предавање е да учесниците се запознаат со своите преговарачки стилови и способности, и да научат како да станат поефикасни преговарачи, како и остроумни набљудувачи на овој општествен процес.
Предавање ќе се состои од многу дискусии на реални случаи, симулации, интерактивна партиципација на учесниците преку разни активности, индивидуално и во групи, кои ќе им овозможат на учесниците да бидат самокритични, да ги запознаат своите слаби страни во процесот на преговарање и ќе го поттикнат создавањето и подобрувањето на нивните вештини за преговарање.
Сите заинтересирани кои ќе се пријават до 28ми Март добиваат промотивни бенефиции. Бројот на учесници е строго ограничен.