Синоќа (20 октомври 2014) во МКЦ беше промовирана нова книга од Натали Спасова.
Втората книга на Спасова е насловена “Запалка“, а во издание на “Македоника Литера”.
Нејзината прва книга, “Прва љубов во розевата улица” до сега има три изданија, во 2012 година беше застапена во изданието преведено на руски јазик, насловено “Десет романи на дваесет и првиот век”, а оваа година беше преведена на украински, финансирано од Министерството за култура во Македонија.