Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија денеска (четврток, 20 февруари) во 20:00 часот во кино-салата на Кинотека ќе го прикажат филмот „Балкон со поглед на море“ (2010 год.), на режисерката Никол Гарсија.Прикажувањето е во рамките на Францускиот кино-клуб.
Се работи за драма која критиката уште ја нарекува „трилер на чувства“ или „класична драма на начинот на Хичкок“, во која главните улоги ги толкуваат со оскаровецот Жан Дижарден, Мари-Жозе Кроз и Сандрин Киберлен.