Ретроспективна изложба на Владимир Темков во Мала станица

Вечерва (петок, 10 мај 2013 година) во Мултимедијалниот центар Мала станица, при Националната галерија на Македонија, со почеток од 20:00 часот, ќе биде отворена ретроспективната изложба на познатиот македонски автор Владимир Темков.

На настанот со кој ќе се одбележи 30 години од ликовното творештво на овој еминентен уметник ќе биде промовирана и монографијата во која ќе бидат презентирани неговите дела од самите почетоци до денес. Пред љубителите на уметноста, пак, вечерва ќе бидат претставени сликите масло на платно и картон, како и графики на Темков.

Главната инспирација на неговите дела се богатиот растителен свет и птиците, а како мнозинството творци кои потекнуваат од Тиквешијата, и неговите дела се карактеризираат со богат колорит.

You May Also Like