Факултетот за музичка уметност птри УГД Штип подготвува концерт со најреномираните џез музичари од Соединетите Американски Држави. Концертот е во соработка со Универзитетот на Калифорнија – Лос Анџелес (UCLA), а ќе се одржи во Мултимедијалниот центар на УГД.
Концертот ќе се одржи на 6 мај (вторник) во Мултимедијалниот центар на УГД во Штип, а ќе настапат Џејмс Њутн – флејта, Дејвид Вилсон – саксофон, Зак Рамејсиер – труба, Масаи Марселин – тромбон, Јона Левин – тромбон, Кифер Шеклфорд – пијано, Форест Мичел – тапани, Ерик Шибоски – бас.
Концертот ќе започне во 20.30 часот, а влезот е слободен.
Воедно, на 5 и 6 мај, со почеток во 10 часот, гостите од САД ќе одржуваат работилници во Мултимедијалниот центар на УГД во Штип за сите заинтересирани студенти.