Ревијата „Стожер“ доби електронска верзија

Книжевната ревија „Стожер“ од вчера е поставена на веб страницата на Друштвото на писателите на Македонија www.dpm-pisateli.mk.

DPM-drustvo-na-pisateli

 

Со ова љубителите на литературата за прв пат го добиваат во електронска форма книжевниот гласник на Друштвото на писателите на Македонија кој располага со богати содржини од областа на поезијата, прозата, критиката, есеистиката и книжевната наука. Покрај литературните остварувања, списанието донесува и хроника со информации за актуелните активности во книжевниот живот и за настаните што ги организира Друштвото на писателите.

Ревијата „Стожер“ наскоро ќе го објави јубилејниот 120 број. Специјалниот број на списанието ќе биде посветен на развојните процеси на ДПМ и на местото и улогата на писателската асоцијација во македонската литература и култура.

You May Also Like