Раде Силјан во Антологија на светската поезија

Творештвото на Силјан е објавено во Антологијата заедно со поетски дела на нобеловци и добитници на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.

rade_siljan_antologija_na_svetskata_poezija

Со седум песни и еден ракопис од повеќегодишното книжевно творештво, поетот, есеист и книжевен критичар Раде Силјан е застапен во Антологијата на светската поезија, која неодамна беше објавена во Романија, како издание  на меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова.

Во  Антологијата се застапени педесет и двајца познати автори од светот, меѓу кои се тројца  добитници на нобеловата награда, како и добитниците на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата: Адонис, Томас Транстромер, Хусто Хорхе Падрон, Томас Шаламун и Љубомир Левчев. Изданието го приреди познатиот романски писател и литературен критичар  Јон Деаконеску, во соработка со унивезитетските професори Офелија Буртеа, Луциан Диндирица, Озана Лисандра и Лоредана Стан.

Антологијата ќе биде промовирана на 16 септември во Крајова, во рамките на меѓународниот поетски фестивал што го организира академијата „Михаи Еминеску“.

Раде Силјан е автор на четиринаесет стихозбирки, како и на поголем број критичко-есеистички дела и антологии на македонската поезија, драма и проза. Добитник е на национални и меѓународни награди, меѓу кои „Браќа Миладиновци“,„Ацо Шопов“ , „Димитар Митрев“и „11 Октомври“ за животно дело. Годинава на меѓународниот поетски фестивал  во Молдавија  ја доби престижната награда „Гранд При“  за поетски опус.

rade_siljan_antologija_na_svetskata_poezija1

You May Also Like