Утре (сабота 13 април 2013) на претстојниот Саем на книгата 2013 на штандот на Бегемот од 17 до 19 часот ќе се одржи промоција на делото „Мраз“ од Јацек Дукај.
Делото е добитник на Европската награда за литература во 2009 година, а авторот е еден од најнаградуваните писатели во Полска. Делото од полски јазик го преведе Филип Димевски, а книгата е објавена со поддршка од Програмата 2007-2013 на Европската Унија.