Концерт на харфистката Мерсиха Шукри на фестивал во Загреб во рамки на Вториот интернационален фестивал на харфа …
Харфистката Мерсиха Шукри денеска ќе одржи концерт во Загреб, во рамките на Вториот интернационален фестивал на харфа.
Настапот на кој македонската харфистка ќе биде придружувана од Мандолинскиот оркестар „Скопје“, ќе биде и завршниот концерт на овој фестивал.
На програмата, освен дела од Бах, Вивалди, Рахмањинов, Ордуљ, ќе бидат застапени и дела од повеќе македонски автори.
Со концертот на Мерсиха Шукри ќе биде одбележан и Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“.