Во американското книжевно списание „Бук Тајмс“ деновиве беше претставен изборот од поезијата на македонскиот поет Јовица Тасевски – Етернијан, што минатата година излезе на англиски јазик под насловот „Синтакса на светлината“ како том 91 од едицијата „Македонска книжевност“.
Извадок од прилогот објавен во The Book Times: „His poems are full of inventive and impressive imagery, based on transcending as creative principle. Eternijan’s poetry is characterized by intricate style, highly connotative poetic expression, intellectual and spiritual deepness, so it can be compared to T. S. Eliot’s poetry.“
Изборот од поезијата на македонскиот поет Јовица Тасевски – Етернијан што минатата година излезе на англиски јазик под насловот „Синтакса на светлината“, деновиве беше претставен во американското книжевно списание „Бук Тајмс“. Во објавениот прилог се истакнува дека песните на Етернијан се „исполнети со инвентивни и импресивни поетски слики, базирани на трансцендирањето како креативен принцип“.
Исто така, за поезијата на нашиот автор се вели дека „се одликува со сложен стил, високо конотативен поетски израз, интелектуална и духовна длабочина, така што може да се спореди со поезијата на Томас Стернз Елиот“.
„Бук Тајмс“ е специјализирано книжевно списание кое им ги претставува на читателите новите книги од американските писатели и од странските автори преведени на англиски јазик, преку објавување извадоци од прозните текстови или избрана песна од поетските книги, придружени со краток приказ на авторот и делото.
Книгата „ Синтакса на светлината“ од Јовица Тасевски – Етернијан беше објавена како том 91 од едицијата „Македонска книжевност“ преведена на англиски јазик, која веќе неколку месеци се дистрибуира во најзначајните национални и универзитетски библиотеки во светот.