На 26 mart (вторник), во киносалата на Кинотека на Македонија во Скопје, ќе се реализира промоција на романот „Скршени крилја“ од Милијана Павловска.
Кратка содржина: Ова е роман за Марија која разочарана од животот се обидела да се самоубие. Отако докторите успеале да ја спасат,таа ја раскажува својата животна приказна обидувајќи се да ги открие причините за се што и се случувало во последните седумнаесет години од животот откако го напуштила родителскиот дом по своја воља и каде повторно се вратила , но не по своја воља.
Милијана Павловска е родена 1951 година во гратчето Исток на Косово, каде завршила гимназија. На Филозофски факултет во Скопје, дипломирала филозофија во 1975 година и се вработила како професор во Гимназија „Никола Карев“ во Скопје.
Од 2010 година до денес има напишано пет романи: „Скршени крилја“, „До последен здив“, „ Две ипол сестри“, Скинат ѓердан“ и „На зајдисонце“.