Промоција на „Психоаналитичка алхемија од страсти“ од Марина Мијаковска

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) во Скопје, денес, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на новата поетска книга од поетесата Марина Мијаковска, насловена „Психоаналитичка алхемија од страсти“.

poetska kniga od Marina Mijakovska

Книгата „Психоаналитичка алхемија од страсти“ ќе ја претстават поетесата и книжевна критичарка Маја Апостолоска-Тасевска и м-р Десанка Николова, а свое обраќање ќе има и поетот Борче Панов од името на манифестацијата „Караманови средби“.

За книгата „Психоаналитичка алхемија од страсти“, Мијаковска ги доби „Карамановата награда“ и признанието „Македонска книжевна авангарда“.

You May Also Like