Во организација на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје утре ( 11 јуни, среда) од 20 :00 часот на терасата пред Младинскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгата Сенки низ циркускиот шатор од младиот поет Исток Улчар.
Книгата ќе ја промовира поетесата и критичарка Елена ПРЕНЏОВА, а стихови ќе читаат Мила СИМОВСКА и актерот Владимир ЈАЧЕВ.
„Иако станува збор за дебитантски поетски ракопис на автор-средношколец, иако носи поднаслов ‘поезија за тинејџери’, стихозбирката не е четиво што се ограничува само на средношколската читателска публика“.
Владимир МАРТИНОВСКИ
„Посветена директно на тинејџерското време кое младиот Улчар со сензибилен рез успеал да го окарактеризира низ своите стихови како еден период активен и во реалноста и во неговата фантазија“.
Мане МАНУШЕВ
Исток Улчар е роден на 11.09.1996 година во Скопје (Чаир). Неговата поезија е застапена во неколку избори на дела од млади македонски автори. Учествувал на повеќе книжевни читања. Негови песни се преведени на српски и на англиски јазик. Ова е неговата дебитнатска книга.