Повик за Егзит волонтери

Егзит фондацијата ги повикува сите млади луѓе од регионот кои сакаат да стекнат драгоцени искуства на најдобриот европски фестивал, да се пријават на конкурсот „Волонтир – волјум ап“ (Volunteer – volume up) до 15. јуни и на тој начин да станат дел од тимот на ЕГЗИТ ВОЛОНТЕРИ.

 

 exit-festival-logo

Организаторите информираат: „Како единствен фестивал од оваа големина и значење, кој настана од општествениот активизам на младите, ЕГЗИТ веќе со години наназад силно го поддржува волонтеризмот поттикнувајќи ги младите да се активираат, да стекнат работни искуства и да се запознаат со луѓето од целиот свет. Со искуството и работата со повеќе од 4000 волонтери кои од 2010 година соработувале со ЕГЗИТ тимот, ЕГЗИТ фондацијата тежнее и оваа година, во духот на постојаниот напредок, да ја афирмира волонтерската програма и на регионално ниво.

Сите заинтересирани кои сакаат да се пријават на конкурсот „Волонтир – волјум ап“ и да станат дел од овој голем тим на регионални вилинтери на ЕГЗИТ, можат да се пријават преку апликацијата на следниот линк  . За да стане Егзит волонтер, кандидатот мора да биде полнолетен, не смее да биде кривично гонет, а пред сè мора да ја помине селекцијата. Покрај обврската да бидат ангажирани не повеќе од 6 часа во тек на една смена, на волонтерите на ЕГЗИТ фестивал ќе им бидат обезбедени влез, храна, вода и сместување во кампот (доколку има потреба за тоа), додека превозот и останатите лични трошоци ќе треба самите да ги подмират.

Волонтирањето ќе трае од 7. до 14. јули, пред и за време на ЕГЗИТ фестивал, а по завршувањето на волонтирањето, волонтерите добиваат сертификат кој го докажува нивниот ангажман на најдобриот европски фестивал.

„ПЛЕЈ@ЕГЗИТ“ КОНКУРС ДО 10. ЈУНИ

ЕГЗИТ и оваа година ги отвора вратите за сите заинтересирани соло изведувачи, бендови и диџеи за кои конкурсот „Плеј@Егзит“ (Play@EXIT) ќе биде прилика и шанса да ја претстават својата работа на некоја од фестивалските бини, но и да бидат приметени од страна на менаџерите, претставниците на фестивалот и новинарите од целиот свет. Конкурсот „Плеј@Егзит“ ќе трае до 10. јуни.

Со регистрирање на сајтот www.exitmusic.rs и пополнување на апликацијата секој бенд се пријавува на конкурсот за настап на ЕГЗИТ 2014 и добива своја страница на www.exitmusic.rs. За сите изведувачи кои веќе имаат свои профили на сајтот, доволно е да се логираат и на својата лична страница да кликнат на „Apply for 2014“.

Деталните упатства и пропозиции на конкурсот можете да ги најдете на www.exitmusic.rs.

Секоја година најдобрите изведувачи ги одбира програмската продукција на ЕГЗИТ фестивал, со помош на соработниците, партнерите и публиката. Поради тоа ве повикуваме да ги „лајкувате“ изведувачите кои најмногу ви се допаѓаат, бидејќи оние со најмногу „лајкови“ ќе имаат и поголеми шанси да бидат одбрани за настап на ЕГЗИТ!
На победниците на конкурсот ќе им биде овозможен и настап на најдобриот европски фестивал!

„Плеј@Егзит“ конкурсот се реализира и оваа година со голема поддршка на онлајн музичката платформа Soundcloud.com. При пријавувањето на конкурсот, бендовите и диџеите ќе можат на сајтот да постават и плејер со своите песни или подолги диџеј сетови преку сајтот на Soundcloud.com. Нашите партнери од Soundcloud.com ќе го промовираат нашиот конкурс преку својата широка мрежа на корисници, така што на сите учесници на конкурсот им препорачуваме да ја искористат оваа можност. Доколку сè уште немате, „СаундКлауд“ профил можете да направите на овој линк .

Претходните години на конкурсот „Плеј@Егзит“ се пријавија повеќе од 4.000 изведувачи од целиот свет, кои, меѓу другото, настапија и на главната бина, како и на „Денс Арена“, „Фјужн“, „ЕГЗИТ Мјузик Лајв“, „Експлозив“, „Радио АС ФМ“, „Хепиновисад“ бините. Ги очекуваме вашите пријави“ – велат од Егзит.

You May Also Like