Промоција на книга од Тамара Арсовска

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексkлузив“ , утре (5 март, среда) во 12:00 часот, ќе биде промовирана книгата „Летописни помненија“ од Тамара Арсовска, во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје.

Tamara Arsovska - Korica-DEFI...

За делотo ќе говорат проф. д-р Јелица Николовска, Милица Стојанова и Ефтим Клетников.

Тамара Арсовска е познат публицист и автор на книгите со книжевни портрети:
Блиски средби, Запаметено минато, Отаде минливоста, Волшебници на зборот, Влезница за идnината, Писателите за себе, Од дневникот на нашите години и Творците и нивното време. Добитник е на државната награда за животно дело „Св. Климент Охридски“, со што се стеkна со статусот „Национален пензионер“.

You May Also Like