Изложба на академскиот сликар Ниче Василев

Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ денеска 18 март (вторник) во 12:00 часот ќе биде отворена изложбата на акдемскиот сликар Ниче Василев.

Niche Vasilev - Katalog

Познатиот уметник ќе се претстави со триесеттина дела создавани во последниве неколку години. За оваа пригода, Книгоиздателството „Матица македонска“, подготви каталог за творештвото на Василев. Изложбата ќе ја отворат писателите Ефтим Клетников и Георги Барбаровски.

Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски и скулпторот Илија Аџиевски.

You May Also Like